×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Батлер : Јас сум Американец и кумановец

    12.11.2014 09:37 | KumanovoNews

     Поранешниот амбасадот на САД во Република Македонија, Лоренс Батлер, кој пред десет години беше прогласен за почесен граѓанин на Куманово и му беше подарен клучот на градот, специјално од Америка дојде на прославата на 70- годишнината од ослободувањето на Куманово.

    Батлер : Јас сум Американец и кумановец

    Батлер во Куманово ќе остане само 3-4 дена, додека трае празнувањето, а потоа ќе се врати во Вашингтон, каде живее со семeјството. Македонија не ја видел 10 години, откако му заврши дипломатскиот мандат во Скопје.

     Мојата последна посета на Куманово беше на 4 март 2004 година. Откако ја напуштив Македонија, заминав во Босна и во Сараево останав две години, а потоа се вратив дома во Вашингтон и таму работев година ипол. Продолжив со кариерата во НАТО, во Ирак и на крај во Штудгард, Германија. Точно пред една година се пензионирав и сега сум пензионер. Во Куманово дојдов на покана на моите сограѓани заедно да ја одбележиме десетгодишнината како почесен граѓанин на Куманово, 70 години од ослободувањето на градот од фашизмот и 25 години од падот на Берлинскио ѕид. Куманово од секогаш беше град на толеранција и соработка. За десет години, колку што не сум доаѓал, забележувам промени на подобро. Јас го познавам Куманово, најдобро од сите други градови во Македонија, а сум ги посетил сите. Но најдобрите пријатели ги имам во Куманово. Јас сум Американец ама и кумановец,-  вели Батлер.

    Идејата да се покани Батлер на Денот на ослободување на градот, потекнала од  неговиот голем пријател, поранешниот градоначалник на Куманово Слободан Ковачевски - Таче, во чие време тој стана почесен граѓанин, а била подржана од сегашниот градоначалник Зоран Дамјановски. Од Општината испратиле официјална покана, која Батлер со задоволство ја прифатил.

    Поранешниот амбасадор на САД е голем пријател на градот и голема чест ни направи што дојде. Тој стори многу во периодот кога беше воената криза во регионот, кога имаше опасност конфликтот да се прошири во Куманово. Со несебично залагање помогна да останеме град на толеранција и разбирање, соживот и почитување на различностите, -изјави градоначалникот Дамјановски.

    Во чест на високиот гостин се организираа повеќе средби со луѓето со кои соработувал,  но најоригинална беше кулинарската манифестација чваркијада во ресторанот „Грација„.

    Господинот Батлер беше кај нас во Грација пред 9 години, кога се одржа последната Чваркијада. Кога слушнав дека пак доаѓа, сакав да го потсетам на тие дружења. Тој беше редовен гостин и секогаш застануваше до казанот да ги меша чваркитеа.  Само за него, по толку години, се организиравме за да го потсетиме на нашиот традиционален специјалитет, кој сигурно немал можност да го проба на друго место,- изјави Влајко Стојчевски, сопственик на Грација.

     Поранешниот амбасадор вели дека кумановци неможеле да му приредат поголемо изненадување и подобар подарок, бидејќи во најголемо сеќавање од Куманово му останале дружењата на чваркијадите.

    Јас многу сакам да јадам чварки, но сепак друштвото е најважно. Чварката е типично македонско јадење за овој период од годината, бидејќи препржена свинска сланина може да се јаде само во зима. Во тој период нема свеж зеленчук и салати, затоа луѓето го приготвуваат ова јадење. Ние немаме такви специјалитети. Јас имам ирско потекло, но моите дошле во Америка пред 250 години. Јас сум Американец со многу европска, балканска и македонска, мои нови традиции, -додава поранешнио амбасадор.

    Сите поканети на дружењето имаа само пофалби за некогашниот дипломат, а тој со широка насмевка и необична топлина во очите се поздравуваше и разговараше со сите. Кога му се приближи оркестарот со изворни инструменти ја извади вратоврската и се развесели со своите пријатели.

    Извонреден човек, тој секогаш играше и се веселеше со македонското знаме во рацете. Тој е најзаслужен и за признавањето на Македонија под уставното име и затоа многу го почитуваме- коментираа присутните.

    Пред да се поздравиме Батлер, ни откри дека пред три недели му се оженил синот и сега со нетрпение очекува внуци.