×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтини за 1, дизелот за 1,5 денари

    14.09.2020 18:25 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93%, односно за 1 и 1,5 денар.

    Бензините поевтини за 1, дизелот за 1,5 денари

    Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

    Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, па Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 49,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.