Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01%. Со оваа одлука бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе бидат поскапи за еден денар.
Од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 79 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 81 денар за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 77 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинства ќе се продава по 73,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.
Како што соопшти РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,048%, кај дизелот има зголемување за 0,668%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,020% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 1,904%.