×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтинуваат, цената на дизелот се зголемува

    17.10.2023 07:57 | KumanovoNews

    Од денеска поевтинуваат бензините, а дизелот и нафтата за домаќинство поскапуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

    Бензините поевтинуваат, цената на дизелот се зголемува

    Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар.

    Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар. 

    Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.