×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапи за еден, дизелот за 1,5 денари

    17.01.2022 15:10 | Сузана Николиќ

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од вечер на полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94 %.

    Бензините поскапи за еден, дизелот за 1,5 денари

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 ден/кг.

    Од ноќеска од 00:01 часот бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 76,50 денари/литар), бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 78,50 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 69,00 денари/литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 69,00 денари/литар. Мазутот М-1 НС, пак, ќе чини 42,827 денари/килограм.