×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапи за еден, дизелот за половина денар

    31.01.2022 16:15 | KumanovoNews

    Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ ќе биде повисока за еден денар по литар, а дизел горивата ќе бидат поскапи за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Бензините поскапи за еден, дизелот за половина денар

    ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005  отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.