×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапи за еден, дизелот за половина денар

    14.02.2022 14:24 | Сузана Николиќ

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 проценти, при што бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар.

    Бензините поскапи за еден, дизелот за половина денар

    Според новата одлука на РКЕ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од вечер на полноќ ќе се продава по 82 денари/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 84 денари/литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 74 денари/литар.

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 73 денари/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,046 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,491 ден/кг.