×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар

    17.06.2024 14:17 | KumanovoNews

    Mалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 ден/лит.

     

    Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар

    Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,819 ден/кг. и ќе изнесува 44,458 ден/кг.