Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бензинот од 95 и 98 октани, како и нафтата за домаќинствата од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена пониска за 0,5 денари по литар. Цената на дизел горивото останува по иста цена. Само мазутот ќе поскапи.
Од денеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат во просек за 0,27 проценти.
Еуеросупер БС – 95 ќе чини 74,50 денари/литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 76,50 денари, дизел горивото за 66,50 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 65,50 денари, а мазутот ќе чини 41,543 денари за килограм, односно неговата цена се зголеува за 0,298 денар/килограм.