Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост-3 Декември, денеска градоначалникот Максим Димитриевски, најави дека општина ќе работи на унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, вклучително и на овие лица.
„Куманово е пријател на секое дете и лице со попреченост. Се обврзувам дека во следниот период ќе дадеме можност на лицата со попреченост да придонесат за подобро Куманово. Во нашата програма за работа предвидуваме отворање на спортска сала за лица со попреченост, како и бесплатен јавен градски превоз на семејства, кои имаат деца со попреченост и за лица со попреченост. Во општинските училишта ќе поставиме пристапни рампи и тоалети за деца, а ќе направиме и реконструкција на сите тротоари во централното градско подрачје и адаптација за непречено движење на овие лица“, потенцира Димитриевски.
Димитриевски истакна дека сите заеднои треба активно да делуваме во обезбедувањето на подобар живот на овие лица кои се наши деца, родители,
пријатели и колеги.
„Мораме да направиме сè за да им го олесниме нивното секојдневно функционирање. За нас, денешниот ден е само потсетник дека мораме сите заеднички во текот на целата година да работиме посветено на овој план, за да можеме и да кажеме дека сме успеале Куманово да ја направиме да биде поинклузивна и похумана општина“, рече Димитриевски.