Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане ќе имаат бесплатен влез на претставите на „Денови на комедија 2024“.
Ова одлука треба да биде верификувана на првиот состанок на управниот одбор кој треба да се одржи кон крајот на месецот, но начелно сите членови се изјасниле во корист на ова идеја.
По големите пожари во Кумановско-липковскиот регион и на територијата на општина Старо Нагоричане, од институцијата се обидуваат да им оддадат признание на пожарникарите на целиот вложени труд.
„Свесни сме дека заслужуваат многу повеќе, но толку можеме. По она што се случуваше со летните пожари, интервенциите кои со денови траеја непрекинато дојдовме на идеја да им овозможиме на заинтересираните пожарникари да проследат дел од репертоарот на најпопуларниот фестивал во градот. Членовите на управниот одбор ја поддржаа идејата, за сега останува да се утврди методот како да се спроведе во дело“, објаснува директорт Сашо Тодоровски.
Центарот за култура во Куманово е единствената институција која на некој начин изрази јавно призанание и пофалба, а како институција од културната дејност и немаат големи можности за маневар и обезбедување на помош на пожарникарите.
Фестивалот „Денови на комедија“ секогаш побудува голем интерес и се бара билет повеќе за секоја изведба. Затоа и се одлучиле токму на овој фестивал да ги угостат заслужните граѓани и да се обидат да ги расположат и насмеат малку по летотот со интензивни работни обврски.
Во просек фестивалот го посетуваат 6 илјади гледачи годишно.
Почетокот на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово е закажан за 24 септември.