Бесплатeн воз за студенти и пензионери
28.06.2014 10:07
| KumanovoNews
Секој трет викенд младите до 27 години и секој втор викенд пензионерите ќе се возат бесплатно со воз.

Оваа одлука на Македонски железници стапува на сила по 1 јули. За студентите ќе има бесплатно возење и секој четврток, како и 50 отсто попуст во другите денови. За да се возат бесплатно граѓаните ќе треба да приложат лична карта, индекс или студентска легитимација.