Бесплатни карти за натпреварот Македонија - Романија можат да се подигнат во спортската сала Куманово
Граѓаните на Куманово, кои што сакаат да присуствуваат на кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Романија, можат да подигнат бесплатни билети на билетарата во спортската сала во Куманово.

“Ги известуваме сите граѓани, кои сакаат да присуствуваат на овој масовен спортски настан во Куманово, дека билетите се бесплатни и истите можат да ги подигнат на билетарата на западен влез во спортската сала со лична карта, од денеска во 17.00 часот. Подигањето на билетите ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, при што едно лице може да подигне еден билет“, велат од Општина Куманово.
Натпреварот помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и Романија како претквалификации за Светски куп 2027, ќе се игра утре /сабота/ со почеток во 20 часот, во спортската сала Куманово, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ).
Местата ќе бидат ограничени, сите посетители мора да имаа билети, без разлика на возраста, и да седат на своите столиња, нема да се дозволи стоење бидејќи тоа го налагаат строгите правила на ФИБА.