×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатниот градски превоз ќе продолжи до крајот на јуни, општината ќе ја чини уште 500.000 евра

    26.12.2023 20:24 | Оливера Пешевска

    Бесплатниот јавен превоз во Куманово ќе продолжи и во наредните 6 месеци, поточно до крајот на јуни 2024 година. Од општинскиот буџет за таа намена ќе бидат исплатени 30 милиони денари или 500 илјади евра.

    Бесплатниот градски превоз ќе продолжи до крајот на јуни, општината ќе ја чини уште 500.000 евра

    Советниците од опозицијата искажаа незадоволство, што мерката по трет пат се продолжува без соодветна анализа дали ги дава посакуваните резултати.

    „Плаќањето по основ на остварен превоз на патници е регулиран по сосема други законски прописи. Иако сум заговорник за организиран градски превоз на патници како потреба, ваквиот начин на субвенционирање по изминат километар е мерлив само во делот на поминати километри. Субвенционирањето може да биде меродавно само по купен билет од страна на корисник и секој граѓанин точно ќе знае како и за што се потрошени тие пари. За најголемиот број од граѓаните на Куманово градскиот превоз или е недостапен или недоволно атрактивен, што го прави излишен, ваков како што е со плаќање по изминат километар. Ова е како фрлање пари во бунар без дно“, истакна советникот Миле Андоновски.

    Претходно и Никола Лазаревски од Левица бараше да му се одговори на прашањето дали се отстранети недостатоци и аномалии, како што е прескокнување на возниот ред на определни линии.

    „Секој месец се доставуваат контролни извештаи од инспекцискиот надзор на направена контрола, а се постапува и по секоја жалба, поплака или приговор упатен до Секторот за комунални работи. И диспечерскиот центар доставува извештај за сите 26 линии. Фактурата, по цена од 40 денари за километар се исплаќа исклучиво само по доставување на тие два извештаи. Извештаите се на месечно ниво, во комисијата членуваат 3 члена од општинските служби и двајца советници кои вршат контрола“, објасни Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.

    Мерката за субвенциониран градски превоз беше воведен на 1 јанураи 2023 година и за неа до сега се потрошени повеќе од 1 милион евра.

    Мислењата за нејзината оправданност се поделени, додека граѓаните кои ја користат мислат дека е опрвдана, останатите сметаат дека таа е популистичка и непотребно фрлање на пари, наметсо да се реши некој сериозен инфраструктурен проблем.