Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово денеска на Градскиот плоштад можеа да добијат топла прегратка од членовите на младинската организација на Црвен Крст.
Во одбележување на Светскиот ден на волонтерите, младите им покажаа на граѓаните дека никогаш не се сами, и секогаш можат да сметаат на подршката од најхуманата и најголемата организација во светот.
Со бесплатно гушкање сакаме да се промовираме кај граѓаните и да покажеме дека општинската организација на Црвен крст Куманово е тука заради нив. Не сите луѓе во градот имаат можност да почувствуваат топла прегратка од некој близок, и затоа на овој начин сакавме да им го овозможиме тоа- вели Сања Стојмановска, координатор на младите во Црвен Крст.
Граѓаните изненадени од необичната акција со задоволство ја прифаќаа прегратката на младите.
Истовремено беше изведена и показна вежба за прва помош, како дел од одбележувањето на Неделата за борба против луѓе и Неделата против ХИВ-СИДА.