×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатно одредување на диоптрија и новогодишни попусти во Оптика „Стил“

    21.12.2021 12:08 | Сузана Николиќ

    Една од најреномираните специјализирани салони за очила Оптика „Стил“, обезбеди најсовремен апарат за компјутерско одредување на диоптрија. 

    Бесплатно одредување на диоптрија и новогодишни попусти во Оптика „Стил“

    Новината во работењето е достапна без надомест за сите редовни клиенти, но и за останатите граѓаните кои имаат потреба да извршат проверка на видот.

      „Ново кај нас е апарат за компјутерско одредување на диоптрија. Со тоа ја заокружуваме комплетната услуга - од преглед, избор на рамки и стакла, па до експресна изработка на истите за 20 минути, а се со цел нашите клиенти да не го губат своето драгоцено време“, изјави Милена Миленковска, сопственичка на Оптика „Стил“.

    Преглед може да се закаже на тел. број 075/ 910 830.

    Оптика „Стил“ врши и монтажа и сервисирање на диоптриски очила. Станува збор за внимателно одбраните производи со проверен квалитет, по најстрогите критериуми на струката и естетиката.

      „Ние сме тука за сите на кои им е потребна нашата помош при избор на рамки, стакла и совети. Диоптриските рамки се со врвен квалитет и со гаранција. Нашите производи се истовремено практични и модерни“, додава Миленковска.

     

    Како и секоја година, така и оваа по повод новогодишните и божиќни празници, Оптика „Стил“, подготви големи попусти и изненадувања за граѓаните.

    Во салонот има големиот избор и асортиман на светски познати брендови на очила за сонце, кои можат да бидат идеален новогодишен подарок за вашите најблиски. Сите производи можете да ги купите по поволни цени, кои се прилагодени на можностите на купувачите.

      „Што се однесува до очилата за сонце имаме: класични, дискретни, маркантни, модерни, трендовски, со квалитетно заштитно стакло за сонце, за сите вкусови и за сечиј џеб. Имаме специјални попусти за целиот асортиман на прозводи. Со тоа сакаме да им ги разубавиме празниците на сите наши клиенти, кои на они кои допрва ќе дојдат и ќе бидат дел од големото семејство кое ги користи нашите производи и услуги“, вели Миленковска.

    Од оптика „Стил“ ве покануваат да ги посетите и да се уверите во нивната стручност и професионалност, како и беспрекорна и брза услуга.

    Гледајте го светот со квалитетни очила. Среќни новогодишни и божиќни празници ви посакува тимот од Oптика „Стил“!

    Салонот на Оптика „Стил“, се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“ на приземје.


    (комерцијален текст)