Без струја повеќе делови од Куманово, Старо Нагоричане и Липково
Планирани прекини на електричната енергија денеска и во наредните денови ќе има на повеќе локации во Куманово, како и во селата во општините Старо Нагоричане и Липково.
Според ЕВН, денеска од 08.30 до 15.00 часот без струја ќе бидат потрошувачите во селото Стрезовце, а од 08.45 до 12.45 часот дел од населбата Ајдучка Чешма.
Утре, од 08.30 до 15.00 часот, без напојување со електрична енергија ќе остане селото Старо Нагоричане.
Во понеделник, 27 април, од 08.45 до 14.30 часот струја ќе нема во селата Брзак, Романовце и Агино Село.
Во вторник, 28 април, од 08.00 до 14.00 часот планирани прекини ќе има на м.в. Багремов Цвет, во селото Младо Нагоричане, во населбата Иго Тричковиќ, на м.в. Мајорово Трло и во селото Тромеѓа.
Истиот ден, од 08.30 до 15.30 часот, без струја ќе останат селата Виштица, Матејче и Никуштак.