Без струја повеќе улици во Куманово
13.05.2026 08:11
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на повеќе улици во Куманово.
Денеска од 06:00 до 06:30 часот, без електрична енергија ќе остане населбата Перо Чичо, месноста Багрем Бања, населбата Карпош со индустриската зона, дел од улицата „Моша Пијаде“, зградата „Престиж Плус“, месноста Стари Лозја и дел од улицата „Октомвриска револуција“ спроти „Браво Кеј“.
Исто така, од 08:30 до 14:30 часот, струја ќе нема во ООУ „Христијан Карпош“ и на улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти Јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.