Без вода населбата Јане Сандански
06.08.2012 06:42
| KumanovoNews
Поради дефект на водоводната мрежа вода утринава нема во населбата „Јане Сандански„. Без водоснабдување се и домаќинствата кои живеат на улица „Народна револуција„ во централното градско подрачје.

Вработени од ЈП“Водовод“ веќе се на терен за да ги санираат дефектите. За неколку часа снабдувањето со вода ќе се одвива нормално. Во меѓувреме други дефекти не се регистрирани.