Без вода населбата Стари Лозја
27.03.2013 09:31
| KumanovoNews
Вода утрово нема во населба Стари Лозја и на уште две улици во градот.

Без вода за пиење се и граѓаните од улиците “Трета МУБ“ и “Иван Милутиновиќ“. Водоснабдувањето е прекинато поради дефекти на вововодната мрежа и за неколку часа снабдувањето со вода на овие локации ќе се нормализира.
Други прекини засега не се регистрирани во Куманово, велат од ЈП“Водовод“.