Без вода седум улици во Куманово
11.09.2020 08:36
| KumanovoNews
Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат седум улици во градот и приградските населби.

Според информацијата од ЈП „Водовод“ Куманово, денеска без вода ќе останат потрошувачите на улиците:
- ул. 100 нас. Карпош
- ул. Киро Антевски
- ул. Егејска Македонија
- ул. Бранко Радичевиќ
- ул. Бајрам Шабани
- ул. Рушит Шакири
- ул. 1 нас. Д. Којнаре (сокаче наспроти сточен пазар).