×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Безбедно и долично да поминат матурските прослави, апелираа од Секторот за превенција до матурантите

    13.05.2023 09:45 | Оливера Пешевска

    Трибина под мотото „На матура без автомобил“ одржа Секторот на превенција на СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност при сообраќај на патиштата(РСБСП).

    Безбедно и долично да поминат матурските прослави, апелираа од Секторот за превенција до матурантите

    Непосредно пред матурската еуфорија на присутните матуранти и новите возачи им беше предочено дека е можна добра забава и без автомобил, алкохол или психотропни супстанци.

    „Ако веќе возите не смеете да користите никаков алкохол, треба да сте наспиени и одморени и секако треба да ги знаете правилата и прописите. Со 80 км на час поминувате околу 22 метри во секунда, немате време на реакција, особено ако сте неконцентрирани. Нема барање на шминка, која песна да се пушти, за 5 секунди минувате 110 метри, кој знае што може да излезе пред вас за тоа растојание. Ќе ви пропадне прославата и уште многу работи во наредните неколку месеци ако доживеете несреќа“, изјави Горан Милошевски, сообраќаен инжинер.

    Тој додаде дека советите не се однесуваат само на вечерта на матурската прослава, туку почитувањето на правилата и прописите од законската регулатива треба да се спроведуваат секојдневно, првенствено за лична безбедност. Тука се мисли не само за однесувањето во сообраќајот,  туку и за долично и пристојно прославување без нарушување на јавниот ред и мир.

    За возачите почетници прописите предвидуваат алкохол 0%, забрана за возење од 23 часот до 5, брзина не поголема од 80 км на час на автопат, во градска средина 40 км на час и помала силина на моторот од 77 киловати.

    Казните за најразлични прекршоци се движат од 40 до 250 евра во денарска противвредност.

    „Ќе има засилени полициски контроли постојано, 24 часа на ден, затоа апелираме за долично и безбедно прославување. Затоа превентивно ве информираме и предупредуваме кои мерки ќе ги презима полицијата и дека нема простување за никого“, се обрати до средношколците Лиле Младеновска, од Секторот за превенција на СВР Куманово.

    Таа апелираше прославите да бидат без влегување во вербални или физичкa пресметка, кршење, загрозување на безбедност на други граѓани или материјална штета на возила, објекти и предмети на било која јавна површина.

    „Никој нема да е виновен или одговорен доколку се случи нешто - само вие лично“, истакна Младеновска.

    Taa потсети дека законската граница за кривична одговорност е 14 години, така сите матуранти се сметаат за возрасни и можат да сносат целосна одговорност за секоја ситуација надвор од пропишаните правила и прописи.