×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Безбедноста во сообраќајот и во туристичката сезона мора да биде на највисоко ниво, порачаа Тошковски и Дачиќ

    25.07.2024 16:21 | KumanovoNews

    Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи особено во летниот период од годината при патување на годишен одмор. Овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до Граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор, порачаа министрите Панче Тошковски и Ивица Дачиќ,на заедничката превентивна кампања „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце.

     

    Безбедноста во сообраќајот и во туристичката сезона мора да биде на највисоко ниво, порачаа Тошковски и Дачиќ

    Министерот Тошковски потенцираше дека оваа заедничка кампања е значајна за унапредување на полициската соработка меѓу двете пријателски земји и му се заблагодарил на министерот Дачиќ за помошта што МВР Србија ѝ ја испрати на Македонија во гаснењето на шумските пожари.

    „ На долгите патувања како што е патувањето на годишен одмор, клучни се паузите за одмор, на секои 2 до 3 часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, рече министерот Панче Тошковски.

    Министерот Дачиќ го изрази своето задоволство од оваа заедничка акција помеѓу двете држави потенцирајќи го фактот што во текот летната сезона се случуваат голем број сообраќајни несреќи со смртни последици, како и дека податоците покажуваат дека на патиштата во Србија во овој период речиси секој ден по две лица го губат животот во просек.

    „За нас е многу важно да го спасиме секој човечки живот, особено животот на децата. Важно е возачите да возат одморени“, кажа српскиот министер и ја истакнал важноста од соработката со македонската полиција во оваа превентивна акција.

    Во рамките на активноста на возачите кои во моментот ја минуваа границата им беа поделени вода и летоци со едукативни совети и рекламен материјал во рамките на кампањата „Вози одморен“.