Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор, рече министерот Оливер Спасовски.
„За нас и за нашите колеги од соседна Србија подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, вклучително и за време на туристичката сезона, е императив. МВР работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците“, додаде Спасовски.
Директорот на агенција за безбедност на сообраќајот на Србија, Бранко Стаматовиќ изрази задоволство поради заеднички спроведената кампања ,,Вози одморен" помеѓу Србија и Македонија, бидејќи голем дел на граѓани од Република Србија транзититаат низ Република Северна Македонија во текот на летниот период.
„Покрај брзото возење и возењето под дејство на алкохол, исто така и управувањето возило кога сме заморни влијае во голема мерка на безбедноста во сообраќајот. Исто така важно е пред да тргнеме на пат задолжително да ја провериме техничката исправност на возилото“, истакна Стаматовиќ.
Една од целите на кампањата „Вози одморен“ е да се потсетат возачите за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот како и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор. МВР во соработка со РСБСП продолжува со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.