Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во библиотеката „Тане Георгиевски“ денеска беа свечено предадени во употреба реновираните простории.Проектот кој траеше неколку месеци обезбеди читателите и вработените да добијат функционален и убаво уреден простор.
Направена е целосна реконструкцијата на холот, просторот каде се издаваат книгите, сменета е столаријата и електричната инсталација, направена е вентилација, компјутерско вмрежување и други зафати кои ќе овозможат пооптимални услови за користење, чување и заштита на библиотечниот фонд - рече директорката Нада Иванова.
Проектот чини 2 милиони и 700 илјади денари, сретства обезбедени од локалната самоуправа и блок-дотации што библиотеката ги добива од буџетот на државата .
Ова е добар показател дека децентрализацијата ги дава првите резултати и во изминатите неколку години со менеџерскиот тим успеавме библиотеката да ја модернизираме со сите услови за современа позајмување на книгите - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
На отварањето на библиотеката не присуствуваше ни еден претставник на Министерството за култура, ниту пак од опозицијата во градот.