×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бивша вработена во СДСМ тврди дека претседателот Ристовски се обидел да ја нападнe откако не сакала да го врати клучот од партиjата

    02.06.2025 16:25 | Оливера Пешевска

    Сања Јовановска, техничка секретарка во општинската организација на СДСМ Куманово, денеска го обвини претседателот Дарко Ристовски, дека се обидел да ја нападне и на сила да и го одземе клучот од партиските простории кој не сакала да го врати откако и бил прекинат работниот ангажман.

    Бивша вработена во СДСМ тврди дека претседателот Ристовски се обидел да ја нападнe откако не сакала да го врати клучот од партиjата

    „На 8. април во просториите на општинската организација на СДСМ Куманово, под присила од страна на претседателот Дарко Ристовски и секретарот Соња Тодоровска имаше обид да ми биде одземен клучот од партиските простории каде што бев ангажирана во период од 1,5 година. Откако одбив да го предадам клучот и тргнав да ја напуштам просторијата, Дарко почна да трча по мене и се обиде физички да ме нападне“, кажа Јовановска на денешната прес-конференција.

    Таа тврди дека случајот го пријавила во полиција и престанала да работи во партијата, а по еден месец имала средба со организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски и пратеникот Оливер Спасовски, од кои не добила поддршка.  

    „Целиот разговор беше проследен со агресивно однесување на Оливер Спасовски кој се стави во одбрана на Дарко Ристовски иако беше запознаен со целата ситуација која претходниот месец се случи во просториите на општинската организација на СДСМ Куманово. Моето прашање до Вас, драги сограѓани е: дали луѓето треба да бидат слепи партиски послушници кои ќе немаат право на глас и ќе бидат искористувани од партијата и во моментот кога ќе го кренат својот глас, ќе завршат како мене?“, праша Јовановска.  

    Таа на денешната прес-конференција му се извини на претседателот Дарко Ристовски, поради најава за тужба за навреди изнесени на социјалните мрежи, а во врска со истиот настан.

    „Како човек кој ги почитувам моралните норми сакам јавно да се извинам на Дарко Ристовски за упатените зборови на социјалната мрежа Фејсбук, и да потенцирам дека зборовите се искажани во состојба на афект, по одржаниот состанок на 8 мај 2025 година“, кажа Јовановска.