×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Близу 400 таксисти положија испит за такси возачи

    21.03.2015 09:43 | KumanovoNews

    Вкупно 375 таксисти од Куманово се здобија со сертификат за авто такси возач откако го положија стручниот испит.

    Близу 400 таксисти положија испит за такси возачи

    Оваа новина е воведена во Законот за превоз во патниот сообраќај, со што сите таксисти треба да добијат уверение и сертификат за такси возач, за да продолжат со работа. Тестовите се однесуваат на безбедност во патниот сообраќај и превозот на патници.

     “Тие посетуваат предавања, полагаат текстови и ќе добијат сертификати. Полагаат пред комисија која е составена од три члена од општината и двајца од јавните претпријатија кои работат со сообраќај. Во Куманово најверојатно уште 200 таксисти ќе треба да положат ваков тест. Оние кои немаат сертификат во иднина нема да можат да работат“- велат од општина Куманово.

    Понатаму таксистите ќе треба да учат и полагаат англиски јазик.