×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бобан Николовски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

    05.05.2022 16:12 | Сузана Николиќ

    Бобан Николовски е нов претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Тој ја добил довербата на извршниот комитет на партијата да го води огранокот во наредните 4 години.

    Бобан Николовски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

    Николовски е в.д. директор во ЈП „Куманово-план“, пред десетина години беше претседател на општинскиот комитет во Куманово, а еден мандат беше советник во Советот на Општина Куманово.  

    „Му дадов збор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека кумановското ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се врати на победничката патека. Ќе дадам се од себе, како никогаш досега да покажам со личен пример дека политиката на обединување, долгогодишна лојалност кон една идеја, кон организацијата, континуитетот во истата, принципиелноста во однесувањето и работата, верата во Бога и чесниот и искрен однос кон моите сограѓаните и кон сопартијците, сиве овие години наназад е клучот за исполнување на ветеното“, напиша Николовски на Фејсбук.

    Новиот претседател доаѓа на местото на Бране Петрушевски, кој е пратеник и два мандати го водеше општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. 

     ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница избра 19 претседатели на општинските комитети.

    „Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат“, велат од партијата.