×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богата понуда на културни настани во јули во Центарот за култура во Куманово

    08.07.2024 09:21 | Оливера Пешевска

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во текот на јули органзира повеќе настани за граѓаните од различни возрасти и интересирања. Дел од нив се традиционални манифестации, работилници за деца, но на програмата се и изложби и проекции, како и премиера на албанската драма.

    Богата понуда на културни настани во јули во Центарот за култура во Куманово

    Во четврток на 11 јули е изложбата на македонски грбови на Иван Нацевски и Јован Јоновски- „Хералдика“. Следниот ден на 12 јули ќе се одржи промоција на краткометражен филм „Генеза на хроничната мистерија“ на Емил Солеск.

    Ниту најмалите не се изоставени од предвидената програма на институцијата.

    „На 15 јули, од 11 до 13 часот организираме детска ликовна работилница за најмалите кои се останати тука во градот, за да имаат едно интересно доживување. Поради реконструкцијата на малиот плоштад работилницата ќе се одржи во фоајето, а поддржана е од Министерството за култура. Навистина сме среќни што има голем интерес кај децата, ние обезбедуваме материјал, набавени се бои, темпери, четки, блокови, штафелаи“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Новина е креативна книжевна работилница со Јулијана Величковска, писателка од Скопје, каде децата ќе можат да доживеат едно ново, поинакво искуство преку учење на креативно пишување.

    Претставата „Писмо“, на албанската драма премиерно ќе се одигра на 16 јули. Таа е дел од годишната програма, и е втора претстава годинава на колективот на албанска драма во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

    На покана на колегите од Крива Паланка, кој е Град на културата за 2024 година, кумановскиот театар ќе гостува со детската престава „Волшебникот од Оз“ на 17 јули.

    Преилинденски се најавени два настани, посветени на празникот.

    „Ќе се одржи заеднички концерт на 29 јули на матичниот фолклорен ансамбл „СРМА“ и фолклорното друштво „Бајрам Шабани“ од Куманово. Традиционално го организираме веќе три години, со настап и на платото пред институцијата и во големата сала, но се чини дека ќе има само едно издание на концертот. Влезот е слободен за сите заинтересирани, а и ова манифестација е поддржана од Министерството за култура во годишната програма“, потенцираше Тодоровски.

    Месецот го завршуваат со книжевната манифестација „Илинденски секавици“ на 30 јули.