×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богато културно лето најавуваат од Општина Куманово

    17.06.2024 08:15 | Оливера Пешевска

    Голем број на културни манифестаци и фестивали во текот на летото најавуваат претставниците на културните институции во Куманово. 

    Богато културно лето најавуваат од Општина Куманово

    Минатата недела се одржа Мото рок фестивалот, а викендов „Пикник во Пелинце“, кој за прв пат беше два дена. 

    „Размислуваме да го организираме нешто налик на Д- фестивалот во Дојран, стоиме на тврдењето дека ова е еден од поголемите потенцијали на нашиот град“, потенцираше Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт.

    Кон крајот на јуни ќе се одржи детскиот ликовен камп АСНОМ. На 18 јули е закажан „Рома-труба фестот“, а неколку дена подоцна и Фолклорната смотра на сите културно- уметнички друштва од Куманово. На 19, 20 и 21 јули ќе се одржат и деновите „Отворено лето“ во организација на Центарот за рурален развој „Бујрум“. На 31 јули ќе се изведе бдеењето на „Кокински мугри“ на Мегалитската опсерваторија Кокино.

    На почетокот на август ќе се одржи и традиционалната ликовна колонија, во соработка со НУ Музеј Куманово, а во последната недела од месецот и неколку фестивали.

    „Одлучивме да споиме неколку фестивали, започнувајќи од најновиот- фестивал на епска песна- Кенга Епике, Табурашкиот фестивал, Тумбсток, Тумба фест и Меѓународниот фолклорен фестивал на КУД „Панче Пешев“, така да таа недела ќе имаме сериозно големи фестивали“, објасни Арангеловски.

    На почетокот на август ќе се одржи и традиционалната ликовна колонија, во соработка со НУ Музеј Куманово.

    Гитаријадата и џез- фестивалот ќе се одржат на почетокот на септември.

    По повеќегодишна пауза се најавува програма за Кумановско културно лето, во најголем број традиционални настани, манифестации и фестивали од редовната Програма за култура за 2024 година на Општина Куманово.