Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Христовото воскресение во двата Градски храма ќе се одржат свечени богослужби.
Црковните настојателства соопштуваат дека на Велики петок ќе се служи вечерно Богослужение со изнесување на Св.Плаштаница што ќе започне во 15 часот. Бдение со Погребението на Господ Исус Христос ќе започне бечерва во 19 часот.
Утре, Велика сабота ќе се одржи Света Литургија на Св.Василиј Велики со почеток во 8 часот.
Прв ден Велигден (Воскресение Христово)
На полноќ ќе се одржи воскресна Литургија на Св.Јован Златоуст,а Светата Боженствена Литургија на Св.Јован Златоуст е закажана за во 7 часот наутро.
Втор ден Велигден
Светата Божествена Литургија на Св.Јован Златоуст ќе ја чиноначалствува Митрополот Господин Господин Кирил, со почеток во 8.30 минути.
Трет ден Велигден
Во 7 часот ќе се одржи Света боженствена литургија на Св.Јован Златоуст.
Од црковните настојателства при двете градски цркви од Куманово им го черститаат Велигден на сите православни верници и ги повикуваат да присуствуваат на прославата на големиот празник. Посебно ги повикуваат граѓаните на полноќната литургија за да се прослави Воскресението Христово!