×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Болна кумановка остана без пари за нега

    07.07.2015 12:30 | KumanovoNews

    На 34-годишната Даниела Бошковиќ, самохрана мајка болна од карцином на матка и остеопороза, и е укината помошта за нега од трето лице.

    Болна кумановка остана без пари за нега

    Бошковиќ е тешко болна, и со две малолетни деца на возраст од 12 до 16 години живее под кирија. Единствен приход и се 5000 денари од постојаната парична помош, кои не и се доволни за да купи лекови, да се грижи за децата и да плати кирија. Ги моли надлежните да ја преиспитаат одлуката со која и е укината негата, бидејќи не е работоспособна.

    Тие 3000 денари многу ми значат затоа што живеам под кирија, тоа ми е киријата. Газдарицата ми вели до 1 август да се иселам, затоа што нејзината ќерка ја продала куќата и ќе се всели тука. Дали некој слушнал за мене во државата, затоа што многу пати упатувам апел до Владата да ми помогнат. Граѓаните ми помогнале многу, ќе ги спомнам “Крепост“ и црквата, а оние кои имаат финансиска моќ, не духовна, никаде ги нема - рече Бошковиќ.

    Бошковиќ отежнато се движи, и не може самата за себе да се грижи, а во секојдневните обврски и помагаат децата и нејзината мајка.

    Адвокатот Христијан Георгиевски кој нуди бесплатна правна помош за ранливи категории граѓани, објасни дека стручниот тим донел одлука дека Бошковиќ не ги исполнува условите за да прима нега.

    Ова решение ќе го обжалиме, и сметаме дека МТСП ќе има слух и ќе и го продолжи правото. Се работи за лице кое што е на листа на донации на неколку хуманитарни организации, вклучувајќи ја тука и хуманитарна организација “Крепост“ од Куманово. Сметам дека направениот превид од страна на стручниот тим ќе биде корегиран во најскоро време. Главен хендикеп за ваквата ненамерна грешка или направен пропуст, сметаме дека се наоѓа во тоа што стручниот тим нема увид за какво лице станува збор, неподвижно, со трајни дијагнози - изјави Георгиевски.

    Адвокатот вели дека денеска или утре ќе го обжалат решението и се надеваат дека институциите брзо ќе реагираат. На Бошковиќ пред две години и беше укината социјалната помош, по што  беше издејствувано да го добие она што законски и следува.

    Хуманите граѓани, сите кои сакаат да помогнат можат да ја најдат Даниела Бошковиќ на улица „Бранко Радичевиќ“ бр.17 во населбата Перо Чичо.