Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љубица Станковиќ (72) од Куманово една година живее заклучена во изнајмена соба во Пензионерскиот дом во Куманово. Неподвижна, гладна, жедна и валкана ја чувал нејзиниот внук, кој ја земал нејзината пензијата, а тетка си ја оставал без храна и елементарни услови за живот.
,Неподносливата смрдеа што почнала да се чувствува во ходникот на домот ги натерала соседите да се посомневат дека старицата можеби и не е жива и побарале од надлежните да преземат поконкретни мерки за нејзино згрижување.
Човекот кој се претставува како син на нејзината сестра ја заклучи во собата уште пред една година и оттогаш никој ја нема видено. Ја држеше под клуч за да не дознаеме што се случува со неа. Тој доаѓаше на неколку дена и и носеше едно лепче и јогурт и тоа е се. Не ја капеше, ниту и ја чистеше собата - велат пензионерите од соседните соби.
Од пред неколку месеци старицата од изнемоштеност се шлогирала и цела зима ја поминала во студено без греење. И ја исклучиле струјата и водата, поради неплатени сметки.
Кога ја отворија собата пред неколку дена имеше што да видиме. Се што и паѓало од храната на градите и беше буѓосано. Целото тело и е во рани, бидејќи врши нужда во постела и под неа се е мокро и скапано. Смрди, корне, неможе ни пред врата да се помине, а не во собата да се влезе - раскажуваат згрозено соседите.
Роднината на Љубица бил насилен и тие се плашат да зборуваат за неговото однесување, бидејќи повеќепати им се заканувал. И нејзината пензијата од 7100 денари ја земал без овластување. Сепак случајот повеќепати го пријавувале во Здруженито на пензионери во Куманово, кое ги издава собите и треба да се грижи за своите станари и корисници. По нивна пријава постапиле од Центарот за социјални работи, каде тврдат дека пред две недели дознале за случајот. По спроведената постапка во петок му бил одземен клучот на внукот и ја посетиле Љубица. Лекарот од Брза помош кој бил повикан да ја прегледа старицата, одбил да го стори тоа додека не ја искапат, но утврдил дека е прегладнета. Љубица денеска беше пренесена и сместена во Дом за стари лица во Куманово.
Против внукот ќе биде поднесена пријава за семејно насилство.