Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На улицата “11 Октомври“ два дена на коловозот лежи болно куче.
Кучето вчера беше пред Судот и Поштата, а денеска пред влезот на Градската џамија. Легнато на крајот на улица изнемотеното, најверојатно е болно.
Со цел да се тргне од улица побаравме помош во Ветеринарната станица, но отаму ни рекоа дека кучиња скитници собираат само по налог на комуналната инспекција.
Гордан Таневски, комунален редар во Општина Куманово објасни дека во станционарот во селото Четирце нема место за нови животни.
Капацитетот е за 40 кучиња и не можеме да го надминуваме. Имаме соберено доволно кучиња од улица, а ограничени сме со капацитет. Заловените кучиња добиваат третман по проценка на стручно лице, ветеринар - вели Таневски.
Болното куче го привлече вниманието и на возачите и на случајните минувачи, но никој не знае како да му помогне. Постои опасност во вечерните часови и некој да го прегази.