Бомби кашикари и рамки за автоматска пушка најдени во Лопате
07.10.2020 06:40
| KumanovoNews
На стариот пат кон селото Лопате, вчера во 16.45 часот биле пронајдени пет бомби-кашикари, како и две рамки за автоматска пушка завиткани во најлонска кеса.

Оружјето најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година.
Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.