×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Борба против дезинформациите со фокус на родовата нееднаквост, проект на СИГА и УНДП

    03.10.2024 13:31 | KumanovoNews

    Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој - СИГА од Скопје во соработка со Канцеларијата на УНДП спроведува проект за борба против дезинформациите, особено родовите дезинформации и учество во спречувањето на нивното ширење. 

    Борба против дезинформациите со фокус на родовата нееднаквост, проект на СИГА и УНДП

    Проектот има за цел да се бори против дезинформациите и родовите дезинформации, преку насочен ангажман на заедницата, градење капацитети и активности за подигање на свеста.

    Изготвените анализи од страна на Канцеларијата на УНДП, а во соработка со Здружението на новинари (ЗНМ) упатуваат кон заклучок дека присустноста на дезинформациите придонесува за ерозија на демократските процеси и ги влошува родовите нееднаквости во заедниците.

    „Постоечките капацитети во медиумите, граѓанските организации, вклучувајќи ги и женските организации, граѓанските групи, активистките и локалните власти не се целосно искористени или координирани за ефикасно решавање на проблемот. Како резултат на тоа, заедниците остануваат ранливи на штетните ефекти на дезинформациите, попречувајќи го создавањето на информирани општества“, изјави Ива Михајловска, координатор на проектите на СИГА, на денешниот состанок во Куманово.

     Како дел од преоктот од 18 до 20 октомври во Велес ќе се одржи обука на млади новинарки и новинари како и активистки, членки на граѓански организации, вработени во локални институции со цел да зајакнат своите капацитети и да добијат вештини за родови – сензитивно известување, ефикасно застапување за родова еднаквост како и подобрување на способноста за препознавање и дејствување против родовите дезинформации.