Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Сојузот на борците од Куманово во петок во девет часот, ќе положат цвеќе кај Спортската сала и во населба Бедиње, на местота од каде што излегле првите партизани и каде е формирано јадрото на кумановскиот партизански одред.
Со овој гест борците сакаат да им оддадат почит на хероите, кои го дале животот за слобода и да ги потсетат денешните генерации дека треба да ја сакаат татковината.
“Закажавме видување на две места. Едното место е бавчата на Денко Цеков, таткото на Јордан Цеков Дане. Таа е до Спортската сала, таму има и споменик, каде што се излезени 7 партизани, кои што го сочинуваат јадрото на формирањето на кумановскиот партизански одред. Второто место е бавчата на Ангел Тодоровски, таткото на Христијан Тодоровски Карпош во Бедиње. Таму ќе направиме посета и на двете места ќе положиме цвеќе и ќе кажеме по неколку збора„- изјави Благе Јакимовски, секретар во Сојуз на борци Куманово.
Јакимовски објаснува дека овие 11 партизани во 1943 година, заминале во Јужноморавскиот одред за да се искалат во борбите и да се вооружат.