×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Браќа„ и „Техничкa„ најдобри на квизот за противпожарна заштита

    22.11.2012 12:25 | KumanovoNews

     Учениците од ОУ “Браќа Миладиновци“ и Техничкото училиште “Наце Буѓони“ ќе ја претставуваат Општината на регионален натпревар по противпожарна заштита, откако денеска беа најдобри на општинското натпреварување.

    „Браќа„ и „Техничкa„ најдобри на квизот за противпожарна заштита

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска основците и средношколците се натпреваруваа на 28 - от традиционален противпожарен квиз.

    На натпреварот учествуваа седум екипи од основните и пет од средните училишта во Куманово. Тие теоретски одговараа на прашања од областа на противпожарната заштита.

    - Учениците имаат добиено прирачници кои ги издава Противпожарен сојуз на Македонија и од нив се дадени прашања. Тоа се прирачници за пожари во урбани средини и заштита од пожари на отворен простор. Децата се натпреваруваат екипно, по три ученика има во секоја екипа. Тие имаат ментори кои ги подготвуваат. Распишавме и литературен конкурс на тема “Заштита од пожари“ и избрани се пет поетски творби кои ќе одат на државен натпревар - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Противпожарен сојуз Куманово.

    Најдобри се екипите на ОУ “Браќа Миладиновци“ и Техничкото училиште “Наце Буѓони“ ќе ја претставуваат Општината на регионален натпревар по противпожарна заштита, кое ќе се одржи во Младинскиот центар Козјак на 30 месецов.

    Натпреварот го следеа претставници од Противпожарен сојуз Куманово и Противпожарен сојуз на Македонија.