Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Досегашниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и пратеник, Бране Петрушевски, ќе го води огранокот и во наредните 4 години.
На извршниот комитет на партијата, од петте кандидати кои влегоа во најтесен избор, тој ја добил довербата на делегатите за втор мандат. Информацијата за повторен избор Петрушевски ја сподели на социјалните мержи.
- По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, на денешната седница ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ми даде втор последователен мандат за претседател на ОК Куманово. Благодарност за довербата, ќе дадам се' од себе да не ја изневерам. Да се води еден од најголемите ОК на ВМРО-ДПМНЕ верувајте е огромна чест, но уште поголема одговорност. Ветувам жестоко темпо на работа, борбеност и посветеност! Секој кумановец кој сака да придонесе во битката против оваа однародена и расипничка власт ќе биде добредојден во структурите на ОК Куманово. Повикувам на сеопшто обединување, бидејќи во прашање е опстанокот на Македонија, - напиша Петрушевски.