×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Браните Ликово и Глажња полни, но се препорачува рационално користење на водата

    04.04.2024 11:38 | Оливера Пешевска

    Езерата Липково и Глажња се полни и во моментов има околу 19 милиони кубни метри вода, количина кои се доволни за потребите на Куманово за ова година. 

    Браните Ликово и Глажња полни, но се препорачува рационално користење на водата

    Од ЈП „Водостопанство Кумановско - липковско поле“, велат дека  и покрај слабите врнежи на дожд и зима без снег, тие со рационалното користење на водата и неколку измени во системот на делување, ги постигнале посакуваните резултати.

    Во текот на зимата вода се испорачувала само на ЈП „Водовод“ Куманово и спречени се сите можности за непродуктивно трошење.

    „Воведовме смени и дежурни работници кои ги контролираа вентилите на цевководите, за да не се вклучуваат за наводнување на земјоделските површини. Дополнително, направен е распоред, сите месни заедници во руралните средини имаат добиено списоците и точно знаат во кои денови ќе има вода за наводнување, а кога не e дозволено да го прават тоа. Рационализацијата ги даде посакуваните резултати“, истакна Оливер Илиевски, директор на подружницата Кумановско-липковско поле.  

    Освен за водоснабдување на Куманово и околните населби, снабдување со техничка вода на индустриските капацитети, подружницата на Водостопанство стопанисува и со систем за наводнување Липково и мали системи за наводнување Довезенце, Јачинце и Клечовце. Системот Шупли Камен кон Зубовце не е во функција.

    Сепак, надлежните апелираат за совесно однесување на граѓаните кон водата, затоа што тие не се нешто што може да се произведе или набави по потреба, туку во најголема мерка зависи од метеоролошките услови.

    Минатата сезона претпријатието ја завршило со залиха од 10 милиони м3 вода, а речиси 50 проценти од количините се надополнети во текот на зимата.