×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бранителите од 2001 да не плаќаат градинка, ужинка, данок и паркинг, предлага Левица

    27.04.2023 16:33 | Сузана Николиќ

    Бранителите, учесници во воениот конфликт од 2001 година, кои се жители на Општина Куманово да добијат ослободување или намалување на сите давачки кон Општината, е иницијатива на советникот на Левица, Никола Лазревски, која е доставена во Советот на Општина Куманово.

    Бранителите од 2001 да не плаќаат градинка, ужинка, данок и паркинг, предлага Левица

    Како што соопштуваат од партијата, иницијатива треба да се најде на дневен ред на наредната седница, па очекуваат да добие поддршка од останатите советнички групи, бидејќи со тоа ќе се изрази благодарност кон семејствата на бранителите.

    „Поднесената иницијатива се состои од oслободување од плаќање месечен надомест за топол оброк (целодневна настава и дневен престој) во основните општински училишта од територија на Општина Куманово, ослободување од плаќање надомест за ужинка и екскурзии во општинските основни училишта, ослободување од плаќање месечен надомест за посетување јавни установи, општински детски градинки, ослободување или процентуално намалување на давачки (данок) кон Општина Куманово и ослободување од надомест на градски паркинг“, стои во соопштението на Левица.

    Оние кои во 2001 храбро се бореа за зачувување на интегритетот и суверенитетот на државата, сега се заборавени. Сепак, во рацете на општинските власти е можноста за пружање помош и благодарност на оние кои по цена на својот живот застанаа на браникот на татковината, велат од партијата.