×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, препорачува Владата поради топлотниот бран

    19.06.2024 08:19 | KumanovoNews

    Бремените жени и лицата над 60 години од утре (19 јуни) до 23 јуни да бидат ослободени од работа, а децата во градинките да не се изнесуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот, се дел од препораките кои ги донесе Владата барање на Министерството за здравство, поради топлотниот бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава.

    Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, препорачува Владата поради топлотниот бран

    Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, согласно коишто, за периодот од  денеска /среда/ до недела.

    Согласно препораките предвидено е:

    1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
    2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
    3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;
    4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

    Од Институтот за јавно здравје и Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од 19 јуни до 23 јуни целата територија на Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран од портокалова фаза.