×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, имунизацијата почнува следната недела

    02.12.2020 08:19 | KumanovoNews

    Велика Британија стана прва земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против ковид-19 што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.

    Британија ја одобри вакцината против ковид-19 на „Фајзер“, имунизацијата почнува следната недела

    Имунизацијата би можела да почне за неколку дена и вакцината прво ќе ја примат високоприоритетните групи, во кои спаѓаат жителите на старечки домови, луѓето над 80 години и здравствените лица, пренесува СДК.мк.

    Велика Британија има нарачано 40 милиони дози од оваа вакцина, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози. Првите дози ќе пристигнат во земјата во наредните неколку дена.

    Ова е најбрзо развиената вакцина во историјата, имајќи предвид дека од концептот до реализацијата поминаа само 10 месеци. Вообичаено, развојот трае и цела деценија.

    Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ користи целосно експериментален пристап: вбризгување на дел од генетскиот код на вирусот, со цел да го тренира имунолошкиот систем, кој потоа произведува антитела и активира Т-клетки за да ги уништи заразените клетки. Потребни се две дози, примени со три недели растојание.

    Од владата предупредуваат дека иако наскоро ќе почне вакцинирањето, луѓето треба да останат претпазливи и да продолжат да се придржуваат до воведените мерки.