Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Реномираната кумановска компанија за преработка на млеко и млечни производи Бучен Козјак денеска го прослави Светскиот ден на млекото - 1 јуни и 41-виот роденден.
Настанот беше организиран и посветен за вработените и нивните семјства, со акцент на најмалите, преку забава и анимација.
„Ова година се поканети нашите вработени со нивните потесни семејства, и сакавме да се посветиме на нашите најблиски колеги и соработници. Има голем број на активности и забава за дечињата, тука е нашата маскота кравичката која се наоѓа и на логото, Мики и Мини Маус, Пајо Паторот, ледената кралица Елса, аниматори, воздушен балон, замок за скокање, креативни ликовни работилници, штанд за гаѓање во мети за повозрасните машки деца и други друштвени игри“, објасни Тамара Димитриевска, вработена во Бучен Козјак.
Како општествено одговорна компанија, Бучен Козјак постојано поддржува проекти за едукација и негување на вистинските вредности кај најмладите, со што дава придонес во градење на нивните личности. Затоа и овогодинешнава прослава ја посветија на потомците на своите колеги.
Производите на Бучен Козјак се доминантни во потрошувачката кошница на купувачите, поради континуираниот квалитет и традиционалниот начин на производство, кој ги прави уникатни на пазарот, одвојувајќи ги од конкуренцијата.
Производите на млекарницата се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија.
Компанијата Бучен Козјак е основана во 1983 година, а низ својот развој чекори со јасна визија: „Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи“. Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Нивното долгогодишно постоење зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба.