Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово планира да потроши 2.613.396.822, 00 денари или 35 милиони евра во 2024 година, за тековното работење за капитални проекти. Предлог буџетот утре ќе се најде на усвојување пред советниците.
„Вкупни приходи за 2024 година се планирани во износ од 2.613.396.822,00 ден. и се поделени во 4 групи. Основен буџет во износ од 1.178.731.480,00 денари, приходи од самофинансирачки активности во износ од 75.448.443,00 денари, приходи од дотации во износ од 1.336.947.050,00 денари и приходи од донации во износ од 22.269.849,00 ден“, стои во предлог буџетот.
Капиталните расходи се во износ од 489.969.278,00 ден. а тековно оперативни се во износ од 2.123.427.544,00 ден. Развојни проекти по функции на ЕЛС во износ од 167.605.975,00 ден. за 2024 год. а за истите се планирани и средства и за 2025 и 2026 год.
Во програма се планирани средства за довршување на градскиот парк, реконструкција на Соколана, откривање на кровот на спортска сала, изградба на игралишта, изградба на детски катчиња и набавка на пумпи и фотоволтаици за градскиот базен, поставување на фотоволтаици на ЈП Пазариште, проширување на паркинг места и обележување на паркинг простор, изградба и реконструкција на нови улици, плоштад и кружен тек, изградба на гасоводна мрежа, набавка на противпожарна и информатичка опрема и др. проекти.
Во програма администрација се планирани средства за плати, придонеси, и средства за тековно и оперативно функционирање на општината, комунални услуги, поправки и одржување на згради и договорни услуги и привремени вработувања, услуги за копирање и печатење,одржување и софтверска опрема,отплата на главница за кредит.
Во потпрограма капитални трошоци и општината се планирани средства за купување на опрема, информатичка опрема, реконструкција на објекти, купување на мебел и купување на компјутерски софтвер, реконструкција на зграда на општина, реконструкција на занаетчискиот дом, фасада на Хотел Солун и кровот на Општина Куманово.
Во програмата за урбанистичко планирање се планирани средства за изработка на урбанистичка документација, работа на комисија за урбанизам, во уредување на градежно земјиште се планирани средства за рушење на диво изградени објекти и плаќање по судски извршни решенија, а во програма уредување на градежно земјиште-капитални трошоци планирани се средства за експропријација.
Во програма ЛЕР се планирани средства за издавање на информативен материјал и публикации за промоција на економскиот потенцијал на општината, трошоци за одржување на локални саеми како и тренинг обуки и усовршување на општините преку семинари и трошоци за проекти за прекугранична соработка.
Во програмата Совет средствата се за исплата на советници, службени патувања, семинари, репрезентација за совет, трансфери до здруженија на граѓани и фондации, како и средства за тековна резерва за која одлучува Советот, трансфери во кои се планирани средства и проекти за субвенција за стечајци,самохрани родители инвалидизирани лица и здружение на граѓани ,персонален данок за субвенции и проекти за кои одлука носи Совет и проекти за рамномерен регионален развој,градска кујна за социјално ранливи категории.
Во програма градоначалник се планирани средства за плати на градоначалник надоместоци и придонеси, службени патувања како и социјални надоместоци кои ги доделува градоначалнокот, еднократна парична, тековна резерва за која одлучува градоначлникот и други исплати по донесени програми во надлежност на градоначалникот.