Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Царинска испостава Табановце е најуспешна царинска испостава, која врши патнички промет во државата, за последните три месеци мината година.
Изборот се врши секој квартал согласно исполнетост на планови за работа и критериум за обем на работа. Изборот се прави за да се поттикне натпреварувачкиот дух, а од почетокот на 2015 година се воведени критериуми за избор на најдобар царински службеник.
Во царинарницата Куманово, покрај царинската испостава Табановце автопат спаѓаат и: царинските испостави Табановце-железница, Куманово, Дебе Баир и Пелинце.
(фото: Пред еден месец на Меѓународниот ден на царината, на Табановце на царинските службеници од Србија им беа поделени признанија за успешна соработка)