Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За престојниот викенд се најавува нестабилно време со обилни врнежи од дожд и грмежи. Се очекува 30 литри дожд да паднат на метар квадратен.
Од УХМР и за следната недела очекуваат дождови. Граѓаните, а особено жителите на селата и населбите покрај реките се прашуваат дали постои опасност од поплави?
Ако е реална таа количина од 30 литри на метар квадратен, тогаш може да дојде до прелевање на двете езера Глажња и Липково кои се полни. Водостојот на Липковска река ќе се зголеми и ќе има две или три критични точки. Кај Лопате и Опае може да дојде до излевање, но по мое мислење нема да има несакани ефекти. Липковска река се влева во Пчиња и низводно кај село Доброшане може да има проблем. Кај мостот има заглавен отпаден матерјал од самата река - вели Горан Стојановски, раководител на Центар за управување со кризи Куманово.
Тој додава дека Крива Река може да се излее кај село Јачинце, бидејќи речното корито не е чистено, или евентуално река Пчиња да изненади кај селата Зубовце и Шупли Камен.