×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе излезе од печат “Млатеење празни ѕвезди“ на Давор Крстевски

    24.06.2015 12:18 | KumanovoNews

    Кумановецот Давор Крстевски победи на конкурсот за необјавена збирка на Дата песнопој од Битола, и наскоро треба да излезе од печат неговата прва стихозбирка “Млатеење празни ѕвезди“.

    Ќе излезе од печат “Млатеење празни ѕвезди“ на Давор Крстевски

     Збирката содржи шеесетина песни, на различни теми.

    “Пишувам за животот, за љубовта, за социјални проблеми, за се буквално. Никогаш не сум се определил да пишувaм нa една тема. Ова е моја прва збирка, а во меѓувреме работам на подготовка на уште два романи“ - рече авторот.

    Крстевски пишува и на српски, англиски , руски јазик и на кумановски дијалект. Досега има објавувано песни во збирките “Поезија за душа“ каде и го освојува првото место за најубава песна за 2014 и во збирката “Вознес“ каде исто го освојува првото место за најдобра песна за 2014. На годинешниов меѓународен поетски фестивал во Гостивар “Литературни искри“, одржан во чест на Св.Кирил и Методиј го освојува првото место. Учествува во првиот број на Звездани Колодвор во Србија, збирката поезија “Галерија од Стиха“ Србија, објавува свои творби во фанзинот “Арсеник“Србија, има објавено дела во Лондонскиот магазин “Поетри Диџест“ и во Американскиот магазин за поезија “Оф ди коуст“.