Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стара и трошна куќа, која се наоѓа на раскрсницата на улиците Ленинова и Пионерска секој момент може да падне. Предниот ѕид на објектот попуштил, па просториите од катот надвиснале на улицата.
Парчиња малтер и фасадата паѓаат на коловозот. Поради нарушената безбедност Градежната инспекција од вчера попладне го затворила за сообраќај тој дел од улицата, а просторот е обележан со ленти.
Од Кумановската инспекција велат дека направиле записник за новонстаната состојба на објектот и поднеле барање до Оддлението за урбанизам во Општина Куманово во понеделник да се интервенира. Куќата да се сруши или да се санира, бидејќи поради нарушената статика претставува опасност за минувачите и за околните објекти.
Оштетувањата на објектот настанале по поројните дождови во четвртокот навечер. Куќата е целосно руинирана и никој не живее во неа. На приземјето има неколку деловни простории, а катот се распаѓа без врати и прозорци.
Оваа куќа е само една од многуте стари куќи од старото градско јадро, која не оддолеа на забот на времето, и никој не ја заштити од целосно уништување. Проблем е што сопствениците неможат или не сакаат да инвестираат во нивно поправање, а општината нема надлежност да ги преземе без нивна согласност , - велат одговорните за оваа проблематика.