×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се формира нова партија на Србите во Куманово

    17.01.2014 15:54 | KumanovoNews

    Партијата ќе се вика Српска партија во Македонија со седиште во Куманово

    Ќе се формира нова партија на Србите во Куманово

    На политичката сцена во градот наскоро ќе се појави нова политичка патија на Србите. Партијата ќе се вика Српска партија во Македонија (СПМ) со седиште во Куманово. Нејзини основачи се луѓе од Куманово, кои деновиве собираат потписи за регистрирање на партијата.

    Нивна целна група се Србите од Куманово и Старо Нагоричане, пред се луѓе кои биле политички активни, а не се задоволни од работата и раководството на постоечките партии на Србите. Треба да соберат 1000 потписи за да се регистрираат, па дури тогаш ќе се промовираат во јавноста - вели наш извор, на кој му било понудено да се приклучи на новата партија.

    Во Куманово од партиите со српски национален предзнак функционира ДПСМ, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Српската напредна партија, која беше коалиционен партнер на СДСМ до пред локалните избори.